Дино Мерлин доживеа сообраќајка

 dino-merlin-kombank-arena-koncert-foto-luka-sarac-1443138718-748157

Популарниот босански пејач Дино Мерлин денеска доживеал сообраќајна несреќа во Сараево, но за среќа поминал без повреди. Информацијата ја потврдила локалната сараевска полиција од каде информирале дека се судриле два автомобили, Пежо и Мерцедес кој го управувал синот на Дино Мерлин.
Со нив во автомобилот било уште едно лице, а за среќа, сите поминале без повреди и причинета е само материјална штета.
Полицијата извршила увид и ги отстранила автомобилите од коловозот.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.