Детското списание донесе прва награда за OOУ “Kлимент Охридски”

prva_nagrada_za_taleska_i_ou_kliment_ohridski

Идејата за детско списание на наставничката Јулијана Талеска од ОУ Климент Охридски беше најдобра меѓу 270 креативни практики и иновативни идеи на 430 наставници на Фестивалот на иновативни практики за меѓуетничка интеграција во образованието – “Преку иновација до подобра интеграција”, победија со проектот “Правиме детско списание”. Првото освоено место на наставничката Талеска и донесе лап топ за себе и интерактивна табла, која веќе е дел од образовниот процес.

– Учениците се најдоа во улога на главни уредници, лектори, фотографи и новинари со предизвик да креираат детско списание што вклучува теми за културните карактеристики на етничките заедници што живеат во Македонија. Посебен простор во списанието се одвои за интервјуа со претставници на етничките заедници за кои учениците претходно истражуваа. Учениците го одбраа дизајнот и ги одредија другите теми од списанието (музика, спорт, квизови итн.). Големиот продукт на малите новинари ја доживеа и својата промоција  на презентацијата на печатената и електронската форма на детското списание. Дискусијата во завршната активност покажа дека учениците преку запознавање со интервјуираните лица осознале повеќе за сличностите и разликите меѓу етничките заедници и ги намалиле предрасудите и стереотипите – објаснува наставничката Јулијана Талеска.

Пред претставниците од УСАИД, од образовните институции, на Фестивалот на иновативни практики – Преку иновација до подобра интеграција, кој се одржа кон крајот на јуни, во Скопје, биле проследени креативните и иновативни идеи на 430 наставници кои демонстрирале искрена посветеност во промовирањето и зајакнувањето на меѓуетничката соработка преку нивното учество на Конкурсот за иновативни практики. Доставени биле 270 практики.

Конкуренцијата била силна и тешко било да се изберат најдобрите иновации за развивање на компетенциите и вредностите за меѓуетничка интеграција во образованието.

Извор: Неделник Зенит




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.