Денот на јаболкото – О.О.У Блаже Конески- Прилеп

Планирано во годишната програма за работата на училиштео Блаже Конески- усвоено од страна на Советот на општина Прилеп на ден 5 и 6 Ноември 2015 год во О.О.У Блаже Конески- Прилеп по четврт пат се одржува Денот на јаболкото. Истото е поддржано од МОН по однос на имплементацијата на еко-програмата Интеграција на еколошката едукација во Македонскиот образовен систем и истата активност е преземена од словенечкиот модел на училиштата.

12191898_10206584046814301_7987588453412419114_n

Во 2013 год училиштето го посети првата дама г-ѓа Маја Иванова како покровител на програмата здрава храна за детство без мана. Секоја година учениците, вработените, родителите неуморно работат на реализацијата на идејата. Има прекрасни иновативни идеи и вкусни слатки работи направени од јаболко. Се е поставено на штандовите во училиштниот ходник и секоја година има голем број на посетители. Програмата е збогатена со доделување на трите награди од Трагопан- 1 место-хрчак, 2 место- папагал 3 место златна рипка.

12189788_10206584047294313_9004172261442036736_n

На 5 Ноември ученичката заедница заедно со педагошко-психолошката служба на училиштето, директорката м-р Марија Дулевска со јаболката кои ги донираа самите ученици во центарот на градот на штандови делеа бесплатни јаболка на сите минувачи исто се делеа и позитивни пораки за здравје со што граѓаните беа поканети да го посетат отворениот ден на училиштето. Јаболкото иако не е типично овошје за градот Прилеп, се размислува пошироко и истото се смета за типично овошје кое е најраспространето во Р. Македонија и сите го консумираат.

12193653_10206584047534319_4408697489308955279_n

Сите родители, ученици, вработени се вклучени со свои активности во неговото одбележување и пополека истото има тенденција да стане настан обележје за училиштето. Поканети се претставниците од МОН, Локалната Самоуправа на општина Прилеп, родителите, БРО, државниот просветен инспекторат и сите добронамерници.

О.О.У Блаже Конески- Ви посакува топло ДОБРЕДОЈДЕ на денот на јаболкото 2015 год.

12193874_10206584048214336_8410658040546974843_n




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.