Дали детелината со 4 листа навистина носи среќа, еве што значи секој лист

Detelina-4-lista-640x388

Детелината со четири листа претставува симбол на среќа, но малку луѓе знаат како настанло ова верување. Всушност, постојат неколку легенди за ова растение.

Една од легендите е од Библијата и вели дека Ева со себе носела детелина со четири листа кога го напуштила рајот.

Свештениците Друиди верувале дека детелината со четири листа има магични својства. Едно од верувањата било и тоа дека секој кој ќе пронајде ваква детелина добива способност да гледа вештерки и ѓаволи кои може да ги избегне.

Меѓутоа за детелината се верувало дека носи среќа затоа што таа претставува крст, но не како религиски симбол, туку како Соларен или Сончев крст. Некогаш луѓето го користеле овој крст за ориентација, едната линија го покажувала местот каде Сонцето изгрева и заоѓа, а другата ги покажувала другите правци (север-југ).

Секој лист на детелината има свое значење, љубов, надеж, вера и среќа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.