Груби од Чаир : Албанците владеат со Македонија

„Со Македонија владеат Албанците“ – порача Артан Груби на промоција на декретаријатот на огранокот на ДУИ во Чаир каде беше дури и поздравен како „Премиер“.

Претседателот на огранокот Беким Незири се обрати со „поздрав за премиерот Артан Груби“ на настанот, а вицепремиерот Груби во пак зборуваше дека моќта на Албанците е голема и дека сите се плашеле од Албанците што владеат со државата.

„Нема чајџилница во Скопје каде што не се констатира дека Албанците владеат со државата. Ова го кажуваме и сите ние, создадовме капацитети да владееме. 20 години ДУИ создава капацитети за управување. Заврши времето на еден или двајца луѓе во ДУИ, време е за сите“, рече Груби .
Слични пораки упати и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Според него стравот бил од тоа што на високи позиции имало Албанци.
„Албанци раководат со Владата, обвинители, судии, директори, доктори Албанци, од тоа се плашат, а не од ДУИ“, рече Османи.

Извор : https://faktor.mk/grubi-vo-chair-pozdraven-kako-nov-premier-a-toj-reche-deka-albancite-vladeat-so-makedonija




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.