Градоначалникот бесен на угостителите во Прилеп: “Не смеете ни да помислите”

“Можеме само да се гордееме сите заедно учесници во пандемијата во нашиот град, почнувајќи од медицинскиот персонал и граѓаните, сакам да упатам честитки и благодарност, затоа што во овие три месеци, се научија да ги почитуваат препораките и од министерството за здравство, од Владата, од комисијата за заразни болести и сите наши препораки, да носат заштитни маски, да држат дистанца и да се дезинфицираат посебно рацете и да не се групираат во повеќе групи. Сакам уште еднаш да упатам благодарност, и од еден таков Прилеп, како што кажав беше ризичен и критичен пред 3 месеци, сега сме во една добра, релативно добра ситуација, кога во Прилеп имаме еден или ниеден заразен.Во Прилеп сега имаме активни случаеви 16, што е за поздравување, и ако оди вака работава, а се надевам дека сигурно така ќе оди, во наредните 2-3 недели убеден сум дека ќе имаме уште подобри резултати, за брзо ќе гледаме да се искорени Ковид-19, во оваа пандемија во нашата општина”, истакна во денешната изјава Јованоски.

Тој се обрати и до угостителите и младите во градот:

“Вчера и денес слушам и читам по социјалните мрежи дека некои од кафулињата во нашиот град имаат повик за утре, сабота во 20 часот, да прават вечерни забави, дружења и прослави. Како градоначалник на Прилеп сакам да им забранам, не смеат ниту да помислат на такво нешто, a ги охрабрувам МВР да ги преземат сите мерки и сите позитивни чекори апсолутно да нема такви во било кој кафич или клубови собирање на младите наши. Нека ми декшаваат младите, не сакам да бидат запоставени, или да му скратуваме нешто, но треба да разбереме се’ уште не е времето дојдено за правење журки и собиранки. Не сакам да не снајде Охрид или Скопје, а Прилеп е еден од ретките градови каде го немаме т.н. втор брана на Ковид 19“, додаде Јованоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.