“Го сакам КАМ во поштенско сандаче” доби нова епизода – За неколку часа илјадници коментари

Нова лажна наградна игра се шири на социјалните мрежи и повторно некој го злоупотребува името на компанијата “КАМ”.

Слично на поранешното “Го сакам КАМ во поштенско сандаче”, сега нова финта, избери плик кој во него има 100.000 денари.

На официјалната страна на Фејсбук од компанијата напишаа дека се работи за лажна наградна игра и ги повикаа граѓаните да не наседнуваат на измамата.

Но, лажната наградна игра за само 4 часа собра илјадници коментари и споделувања….

– Почитувани клиенти, на социјалните мрежи со појави лажна наградна игра која не е организирана од КАМ маркет, ниту има некаква поврзаност со нашата компанија. Бидете внимателни и проверувајте ги информациите на интернет мрежите – напишаа на официјалната ФБ стана од компанијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.