Голем спортски настан во Прилеп: Во недела стартува Државното првенство во џудо

flaer judo 2017 final

Спортската сала во СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, во недела 19 март 2017 година, ќе биде местото на едно големо спортско случување во градот под “Maрковите Кули”.

Со почеток од 11 часот, започнува Државното првенство во џудо, каде технички организатор се појавува прилепскиот џудо клуб “Бушидо”.

Oва е уште едно големо одликување за прилепскиот клуб и шлаг на нивните успеси во претходниот период.

На настанот ќе бидат присутни претставници од Светската џудо федарација, кои целиот настан ќе го пренесуваат во живо на Интернет.

Од клубот активно деновиве работат на промоција на настанот и секојдневно се гости во национални и локални медиуми, каде освен што се промовираат успесите на нивните ученици, го промовираат и џудото како спорт кој што е еден од најважните за психофизичкиот развој кај младите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.