ГОЛЕМА ПОБЕДА НА РАКОМЕТАРИТЕ НА ПРИЛЕП НА ГОСТИНСКИ ТЕРЕН ВО СКОПЈЕ КАЈ ДИРЕКТНИОТ КОНКУРЕНТ ЗА МЕСТО ВО ПЛЕЈОФОТ НА МКД СУПЕР ЛИГАТА

12115419_897359903652844_2145647196470840446_n

Голема победа на ракометарите на Прилеп на гостински терен кај директниот конкурент за место во play-off  на  Maкедонската ракометна СУПЕР ЛИГА.

Прилепчани го победија противникот Пролет Тинекс со резултат 27:30. Во следното коло, а воедно и последно во есенскиот дел, Прилеп го пречекува Радовиш.

За РК Прилеп денес дебитираше новото засилување на клубот ЈАНЕ ЈАНЧЕВ кој после 6 сезони во странство се врати во Македонија. Денес имаше одличен настап и даде голем придонес во одбраната, а постигна и 7 погодоци, сите од игра.

Одличен настап имаа и стандардниот Бозароски, како и Менде Петкоски, Александар Тренчески и гоманот Рајичиќ




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.