Годишен концерт на музичкото училиште “Ордан Михајлоски” – Оцка од Прилеп

2

На 26.05.2016 год, со почеток од  18.30 часот, во просториите на центарот за култура “Марко Цепенков”, ќе се одржи годишниот концерт, на кој учевство ќе земат дел од наградените ученици од државниот и мегународните натпревари, а ќе настапат и хорот и оркестарот на училиштето.

Годишниот концерт  следува после огромниот успех на државниот натпревар за млади музичари во Скопје, кој се одржа од 12 до 15-ти мај, каде музичкото училиште “Ордан Михајлоски” – Oцка  учевствуваше со 49 ученици, од сите инструменти и класи.

Притоа учениците се закитија со доста награди и тоа: 2 специјални награди, 15 први, 16 втори, 14 трети и 2 пофалници.

За огромните успеси и големиот грст на награди и одликувања, заслужни се и менторите:

  • Пијано: наст: Христина Никоска, Денис Најдоски,Игор Николоски, Јулијана Златеска, Славица К.Темелкоска, Александра Андревска, Киро Гаралоски
  • Виолинa: наст: Весна Станкоска, Даниел Јованов
  • Хармоника: наст: Мартин Колевски, Кети Петреска
  • Флејта: наст: Мартина Пашоска
  • Кларинет: наст: Александа Ивановска
  • Саксофон: наст: Борис Миленкоски
  • Гитара : наст: Илија Чакароски
  • Труба: наст: Ристо Мечески
  • Солфеж: наст: Kиро Гаралоски
  • Соло пење: наст: Леонарда Г. Богданоска

Од училиштето известуваат уште дека, од 23.05.2016 до 24.06.2016 музичкото училиште ќе врши  упис на нови и талентитани ученици и тоа за:

– 9 годишно образование
– пијано
– виолина
Учениците кои се запишуваат на 6 и 7 годишна возраст ( Iво и IIро одд, во основно училиште во учебната 2016/17 год.)

6 годишно образование
– хармоника
– флејта
– кларинет
– саксофон
– народни инструменти
– труба

Учениците кои се запишуваат на 9 и 10 годишна возраст ( IV и Vто одд во основно училиште во учебната 2016/17 год.)

3 годишно образование

– соло пеење

Учениците кои се запишуваат на 11 и 12 годишна возраст ( VI и VII одд во основно училиште во учебната 2016/17 год.)

Уписот трае од 23.05.2016 – 24.06.2016 година.

Потребни документи:
Извод од матична книга (фотокопија)
Пополнета пријава во печатена форма




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.