ГАЛЕРИЈА: Три светители празник на прилепските бакали

1

Денеска светата православна црква го празнува споменот на трите ерарси кои се кај нас познати како три светители. Тие три светители се всушност, трите најголеми ревнители, поборници на православието и големи црковни великани: Св. Василиј Велики, Св. Јован Златоуст и Св. Григориј Богослов. Воедно Светите Три Светители се патрони на бакалскиот еснаф во Прилеп  па по тој повод во  соборниот храм „Св. Благовештение“  се отслужи света архиерејска литургија на која чиноначалствуваше Поглаварот на Македонската Православна Црква  Господин Господин Стефан.  На оваа литургијата  присуствуваше и Градоначалникот на Прилеп  Марјан Ристески  кој оваа година е домаќин на денешниот ден. Ова убаво традиционално одбележување на овој  верски празник ја симболизира сплотеноста на еснафот кој организира редовно  и заеднички ручек, а присуството на Градоначалникот Ристески ја потврдува неговата безрезервна поддршка на традицијата, верата и православните обичаи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.