Втор првенствен триумф за црвено-белите: Под “Тумбе кафе” падна Ренова

Фудбалерите на Победа попладнево во Битола во натпревар од 5-тото коло на Првата лига ја совладаа за нив традиционално незгодната екипа на Ренова со минимален резултат 1-0, полувреме 1-0.

Победата на избраниците на Мегленски е наполно заслужена и она што е најбитно и што ќе остане да се памети е трумфот и трите освоени бодови. За се друго ќе се зборува и ќе остане да се прераскажува, а од денешниот меч и има за што и да се зборува и да се жали. Посебно фудбалерите во црвени дресови треба да бидат незадоволни што во почетните фуриозни 15 минути не искористија барем 5-6 100%-ни шанси пред гостинскиот гол.

Но, Кобетиќ беше јунакот на Ренова спасувајќи ја мрежата по ударите на Нвабуезе и Макота кои биеа по двапати, Мустафов погоди статива а имаше и еден за малку непрецизен волеј.

Победоносниот гол беше постигнат во 9-тата минута кога по двојното проигрување со Евремов Нвабузе сврти на петерецот каде најприсебен беше Мустафов кој со одмерен удар под пречката ја затресе гостинската мрежа.

Гостите во втората половина од првиот дел малку се ослободија од притосокот на Победа а Рамадани погоди пречка додека Јусуфи биеше но голманот на Победа Тофилоски се испружи колку што е долг и успеа да одбрани. До одморот шанса од прекин имаше и Драгарски чиј удар со глава заврши во рацете на Кобетиќ.

За разлика од првиот вториот дел не донесе поголеми возбудувања. Ренова имаше привидна иницијатива, но се чини победникот беше решен во 61-та минута кога Абдула направи вистинска глупост удирајќи го со нога Драгарски за што оправдано доби црвен картон од судијата Стојчевски и ја остави својата екипа на цедило.

Победа иако и третпат имаше ирач повеќе сезонава до крајот не постигна втор гол, на теренот црвено-белите стоеја добро и умешно го приведоа кон крајот мечот и овојпат со отсуство на амбиции да нападнат повеќе и со втор гол да ја потврдат победата.

Денешната е само втора првенствена победа на ФК Победа во 9-тте досега одиграни мечеви против Ренова. Втора последователна и исто така со минимални 1-0 (по онаа од последното коло од претходниот шампионат во Струмица), со нагласен досегашен негативен биланс 3 нерешени и 4 порази(од кои два домашни-во Прилеп 0-3 и во Охрид 0-2).

Победа:Тофилоски, Спиркоски, Јаќимовиќ, Драгарски, Исаевски, Маркоски, Ј.Наумоски (од 67 минута Мандиќ), Мустафов, Ефремов(од 56 минута Тимовски), Нвабуезе и Макота(од 82 минута Гешоски).

Ренова:Кобетиќ, Зука, Јусуфи, Нухи, Рамадани, Сулејмани(од 85 минута Кадриу), Гафури(од 51 минута Силва), Стојановски(од 68минута Фетаи), Мишковски, Велија и Абдула.

Прва лига – 5 коло:

Победа-Ренова 1-0

Вардар – Шкупи 2-1

А.Пандев-Силекс 3-0

Шкендија – Работнички 6-2

Македонија ЃП-Беласица 0-0

Табела: Академија Пандев 12, Шкендија 11, Вардар 11, Работнички 9, Победа 8, Силекс 5, Ренова 4, Македонија ЃП 3, Шкупи 2, Беласица 2.

Во следното 6-то коло на Првата лига Победа повторно ќе биде домаќин овојпат на А.Пандев, а во другитте средби ќе играат:Ренова-Беласица, Шкупи-Македонија, Работнички-Вардар и Силекс-Шкендија.

Претходно во среда на 19 септември на пограмата се првите натпревари од 1/8-минафиналето во Купот на Македонија. Победа на првиот осминафинален меч ќе гостува на второлигашот Гостивар, а возвратниот домшен меч на програмата е на 3-ти октомври.

Извор: “fkpobeda.mk”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.