Втор по ред “Поштенски маратон” во Прилеп

3

Вториот по ред Поштенски Маратон во Прилеп ќе се одржи во недела, 9ти октомври.
Организаторите на маратонот ги канат сите маратонци и рекреативни тркачи од Вашата редакција да се пријават и да земат учество во маратонот со пријавување на веб страната на маратонот www.postalmarathon.com.
Освен што ќе се рекреираат, тие ќе се вклучат во хуманитарните активности на
организаторите, бидејќи оваа година секоја котизација од пријавените тркачи ќе
биде донирана на фондот на Црвениот крст за помош на поплавените подрачја во
Македонија.

Во прилог ви ја прикажуваме  и агенда на маратонот:
8:00 часот – почеток на детска забавна трка од 1км. ( пешачки премин на
градски булевар Гоце Делчев, спроти плоштад Александрија)
8:30 часот – старт на рекреативна трка (5km), маратонска трка (42km) и
полумаратонската трка (21km) ( пешачки премин на градски булевар Гоце Делчев,
спроти плоштад Александрија)
13:00 часот – доделување на медали за победниците од сите трки
13:30 часот – прес – конференција на која ќе се обратат Градоначалникот на
Прилеп, директорот на Македонска Пошта АД и победниците во маратонската и
полумаратонската трка. ( Општина Прилеп, прес центар )
14:00 часот – журка со домашни музички артисти и диџеј (Плоштад
Александрија)




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.