Времето утре со нови изненадувања – подгответе се!

fdewqfpwegprewk

Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево со појава на мала локална облачност. Ќе дува јужен, а долж Повардарието југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус два до седум, а дневната од 18 до 25 степени.

И во сабота ќе се задржи сончево и релативно топло време, но во текот на денот облачноста ќе се зголемува.

Од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Повеќе врнежи се очекуваат ноќта кон понеделник, кога на места ќе бидат проследени со грмежи. Од понеделник дневните температури ќе бележат благо опаѓање.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.