Времето се стабилизира: Еве што не очекува до крајот на неделата

Управата за хидрометеоролошки работи најавува стабилно време до петок, а за време на викендот зголемена облачност со локални слаби врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места, претежно во западните делови.

По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Дневната температура од четврток позначително ќе се зголеми, особено на повисоките места и на планините.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.