Во САД уапсен синот на Никола Кљусев – Препишувал лекови за кеш

kljusev-500x396

Кљусев, кој во САД работи како психијатар, бил уапсен на 12 ноември, обвинет дека на пациентите им препишувал големи количества лекови „Адерал“ и “Занакс“( кај нас познат под името „Хелекс“) за кои тие му плаќале во готово.

Људмил Кљусев, синот на првиот премиер на независна Македонија, Никола Кљусев, бил уапсен во САД под обвинение за „нелегално дистрибуирање наркотици“ објави „Ферфилд дејли војс“, пренесува агенцијата Мета.

Кљусев, кој во САД работи како психијатар, бил уапсен на 12 ноември, обвинет дека на пациентите им препишувал големи количества лекови „Адерал“ и “Занакс“( кај нас познат под името „Хелекс“) за кои тие му плаќале во готово. Со него заедно е упасен и Душан Босотов, под истото обвинение.

Кљусев бил изведен пред судија и задржан во притвор, а Босотов е ослободен со 200.000 долари кауција. Во истрагата биле користени заштитени сведоци и полицаец кој се претставил како пациент. Тие тврделе дека Кљусев им препишувал лекови без да ги прегледа за што му давале пари. Наводно тој и на Босотов му дозволил да пишува рецепти додека бил отсутен.

Максималната казна за ова дело е 20 години затвор. Тој е исто така обвинет и за перење пари за што му се заканува максимална казна од 10 години затвор.

Тужен и за сексуално злоставување

Људмил во 2013 година е тужен од своја пациентка за сексуално злоставување. Во својата изјава пред судот таа кажала дека на почетокот тој бил одличен доктор, но потоа работите станувале се’ почудни.
„Еднаш кога зборуваше со својата жена на телефон, тој дојде до мене, ми ја потргна косата и ми ја бакна тетоважата на вратот“ , кажала таа. Воедно тврдела дека тој почнал да ја присилува на секс, но таа го одбила и ја нпуштила неговата канцеларија.

Во септември 2012 година, Кљусев кој имал канцеларија во Њујорк, бил притворен и казнет со 15.000 долаи поради испраќање на лични пораки до негова пациентка, нарекувајќи ја „Срце“.

Идентитетот на пациентките не се открива, а тогаш Кљусев тврдел дека се работи за исти жени.

Помошникот на Кљусев, тогаш тврдел дека лекарот бил жртва на културна дискриминација.

Кљусев се бранел дека жената која го тужи имала тешка зависност од дрога и претходно била хоспитализирана.

Што се однесува до обвинувањата за „Срце“, тој рекол дека таа од него побарала да и се обраќа така, а не со нејзиното вистинско име.

Според судските документи, жената била подложен на психијатриско испитување од страна на друг психијатар, кој утврдил дека таа ја кажува вистината во врска со однесувањето на Кљусев.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.