Во Прилеп традиционално ќе се одржи Фестивалот на новиот германски филм

germ-film

Од 13 до 15 октомври 2016 во Кино Мис Стон традиционално ќе се одржи Фестивалот на новиот германски филм. На 12 издание на фестивалот, што Центарот го реализира во соработка со Амбасадата на Германија во Македонија, ќе бидат прикажани шест филмови – трагикомедии, комедии драми, историски драми и еден филм за деца.

Отворањето на фестивалот, во присуство на претставници од Германската амбасада,  е во четврток 13 октомври во 20 часот во трагикомедијата ,,Мед во главата,, во режија на  Тил Швајгер. Овој филм ја добил германската филмска награда за 2015 година, како и специјалната награда за најпосетен филм. Се работи за филм во кој темата е алцхајмер, исполнет со многу срдечност и топлина.

Во петок ќе бидат прикажани два филма. Од 18 часот е  ,, За една девојка,, (комедија- драма)  а од 20 часот -,, Државата против Фриц Бауер,, (историска драма)

Во сабота се три филма . Од 16 часот е филмот за деца,, Куќата на крокодилите,,, од 18 е ,, Хердер помеѓу два света,, (историска драма) и од 20 часот,, Тура на животот,, (трагикомедија).

Годинашниот фестивал е под мотото,, Сакам филм,,.

-Филмовите непосредно допираат до луѓето и придонесуваат за интеркултурно разбирање кое не признава граници – велат од Амбасадата на Германија во Македонија.

germ-film

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.