Во ООУ “Добре Јованоски” како бисери се нижат награди

15055600_10209600602043249_118643058001655655_n

Основното училиште “Добре Јованоски” e расадник на талентирани ученици. Доказ за тоа се освоените низа награди на учениците. Од особено значење се наградите од последниот организиран литературен конкурс и рецитаторски натпревар во Градската библиотека “Борка Талески” кој се одржа на 12 ноември . Право на учество имаа сите училишта од нашиот град и соседните општини. Учеството беше поделено во категории.

Првото место во категоријата најдобар рецитатор од I до V одделение и припадна на ученичката Исидора Николоска од IV-5 oдделение за песната “Oчи” од Ацо Шопов, под раководство на нејзината наставничка – ментор Снежана Андоноска.

15032053_10209600602203253_7589079195059071486_n

Во категоријата за најдобра лична творба од IV до IX одделение, учениците ги освоија првите две награди и тоа: Прво место за Марија Христоска од VII-2 oдделение за личната творба “Погледни, природа”, под менторство на наставничката по македонски јазик Моника Трајкоска и  второ место за Христијан Јошески од VII-4 oдделение за личната творба “Сила” исто така под менторство на наставничката Моника Трајкоска.

15085704_10209600601683240_4069180873743187816_n

Во категоријата за најдобар расказ од VI до IX одделение, прво место за Елена Николоска од VIII-4 oдделение за расказот насловен како “Помогни секому” под менторство на наставничката по македонски јазик Јагода Волческа.

15037294_10209600602003248_6085259303356458526_n




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.