Во недела ќе се поставува 10-метарскиот крст на ридот во прилепско Новоселани

14508688_10208920185816316_907409901_n

По повод големиот христијански празник “Св. Архангел Михаил” на 20.11.2016 година (недела) во 13 часот  ќе се изврши поставување на 10-метарски крст на ридот во с. Новоселани во општина Долнени.

14509153_10208920187176350_1095996545_n

На 800 метри надморска височина, од каде се гледа поголемиот дел од долненска општина и прилепско поле, ќе се постави крст висок 10 метри, 7 метри широк и тежок 2 тона.

Со овој свечен чин ќе чиноначалствува  Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски, господин Петар.

Претходно на 30-ти септември беше поставен камен темелник, а местото каде крстот ќе биде поставен беше копано на 28-ми август, за големиот христијански празник Голема Богородица.

14508625_10208920181336204_1663875502_n

Идејата и финансиите за ова монументално свето дело се на Владо Глигороски, наш сограѓанин, родум од Новоселани, а живее во Прилеп.

Семејството Глигороски ве поканува и повикува на што поголема масовност на овој за нив среќен ден.

Секој добронамерник е добредојден!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.