Во епизодата на серијата “Бегство од затвор” затворениците бегаат од затворот во Јемен – Во истиот ден јеменските затвореници избегале од вистинскиот затвор (ФОТО)

Лудо поклопување: Само неколку часа по премиерата на епизодата во која Скофилд прави план за бегство од озлогласениот затвор во Јемен, во реалниот живот тоа и се случи.

Prison-break-copy-620x350

Повеќе од 20 затвореници избегале од затворот во градот Адену кој се наоѓа на јужниот дел од Јемен. Бегството се случило откако вооружени напаѓачи ги блокирале патиштата и се судриле со полицијата барајќи да бидат пуштени затворениците кои во затворот биле без пресуда, пренесува washingtonpost.com.

Оваа вест за бегството на затворениците се прошири низ светските медиуми поради новата сезона на популарната американска серија “Бегство од затвор”, чие дејство се одвива токму во јеменски затвор. Токму во најновата епизода емитувана во Европа синоќа, прикажан беше планот за бегство од затворот.

Tan2016-10-15_13757397_0

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.