Вонредна временска прогноза од УХМР

Од среда нѐ чека временски пресврт. Имено, в среда од претпладне ќе дува повремено засилен јужен ветер поизразен во западните делови од земјата, а потоа од запад брзо ќе премине влажна и постудена воздушна маса, од која ќе има повремени врнежи од дожд, некаде и со умерен интензитет.

dozd-1

Локално и особено на запад ќе наврнат околу 15 литри на квадратен метар. На високите планини врнежите ќе се од снег. Во попладневните часови ќе почне да дува северозападен ветер, кој, iсто така, повремено ќе се засилува особено вдолж Повардарието. Дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени.

И во скопскиот регион в среда прво ќе дува повремено засилен јужен ветер, а од средината на денот ќе почнат врнежи од дожд повремено со умерен интензитет. Овие врнежи ќе завршуваат до крајот на денот, а попладне ќе почне да дува северен и постуден, повремено засилен северен ветер.

До крајот на работната недела ќе преовладува сончево време, а ќе има и променливо облачно-сончеви периоди, со благ пораст на дневната температура.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.