(ВИДЕО) ЧУДЕСНА ПРИКАЗНА ЗА ДОБИТНИКОТ НА ЗЛАТНАТА ТОПКА: Како петгодишно момче ги штител козите од волци, а денес е најдобриот фудбалер во светот

Денес е најдобриот фудбалер во светот, добитникот на овогодинешната “Златна топка”, а неговата животна приказна ќе ве остави без здив. Лука Модрич денес е на врвот на светот, а некогаш ги штител козите од волци.

Снимајќи волци на Велебит, Павле Баленовиќ, поранешен музичар во легендарната хрватска група “Плава трава заборава”, не можел ни да сонува дека во видеоснимките ќе го има најдобриот фудбалер на светот, кој на негови пет години храбро ги заштитува козите од опсните диви ѕверки.

Павле Баленовиќ, поранешен музичар и филмски каскадер, животот го посветил на проучување на Велебит и животинскиот свет кој се наоѓа таму.

Неверојатното видео од малиот Лука Модрич авторот го постави на социјалните мрежи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.