ВИДЕО: Хаос во Венецуела – обид за атентат врз претседателот со дронови полни експлозив

Дронови наполнети со експлозив се активираа во близина на местото од кое претседателот на Венецуела Мадуро држеше говор по повод денот на Националната гарда на Венецуела.

– ,,Имаме доказ дека тоа беше обид за убиство. Претседателот Мадуро излезе неповреден и продолжува со работата“, потврдија од венецуелската прес-служба.

Мадуро подоцна изјави дека зад нападот стои претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос.

Тајното венецуелско движење наречено “Soldados de Franelas” потоа ја преземаа одговорноста за обидот за убиство на претседателот Николас Мадуро.

– “Операцијата се состоеше од лет на два дрона кои беа наполнети со експлозив C-4 до претседателската трибина. Снајперистите на почесната гарда успеаја да ги соборат дроновите пред да стигнат до метата. Овој пат тоа не успеа, но само е прашање на време”, напиша групата на својот Твитер профил.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.