ВИДЕО – Сензационален дебитантски погодок на Џејми Варди за Англија

1212

Во викендот посветен на репрезентативниот фудбал се одигра и вистинската фудбалска класика помеѓу репрезентациите на Германија и Англија. Германците ја контролираја играта и ја оправдуваја фаворитската улога. Со головите на Тони Крос во 43та и Марио Гомез во 57та, минута стигнаја до водство од 2:0.

Тогаш се разбуди размладената репрезентација на Англичаните. Пресвртот го започна Хари Кејн во 61та миута, а дебитантскиот погодок на Варди во 74та минута за изедначување беше вистинско ремек дело.

Џејми Варди беше повикан во репрезентацијата на Рој Хоџсон од неодамна, како резултат на одличните партии за Лестер Сити (лидерот во Англиската Премиер лига), а таквата форма почнува да ја пресликува и за Англиската фудбалска репрезентација.

Погледнете го овој неверојатен гол !

Вистинскиот ладен туш за Германците следуваше во 91та минута кога Ерик Даер постигна гол со глава за конечни Германија – Англија 2:3.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.