(ВИДЕО) Претседателот Иванов е национален херој! Од Америка порача дека ќе БОЈКОТИРА!

Претседателот на Р.Македонија Ѓорѓе Иванов кој се наоѓа во посета на Соединетите Американски Држави, каде на 27.септември треба да одржи говор пред Генералното Собрание на Р.Македонија, рано утринава по македонско време учествуваше на гала вечера организирана од македонската дијаспора во Детроит, во организација на Обединетата Македонска Дијаспора со седиште во Вашингтон.

Претседателот Иванов пред присутните на гала вечерата одржа говор во кој истакна дека тој, веќе еднаш излегол на референум и тоа на 8. септември пред 27 години.

Додаде дека тој тогаш гласал за самостојна, суверена и независна Р.Македонија и е горд на таа одлука.

„Затоа, на 30.септември нема да излезам да гласам“ – рече претседателот Иванов, додавајќи дека два пати ја добил довербата од народот со цел да не дозволи промена на Уставот со цел промена на уставното име и да не прифати идеи и предлози кои го загрозуваат македонскиот национален идентитет, и тоа нема намера и да го направи!

Целиот говор на Иванов проследете го во продолжение:

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.