(ВИДЕО) Останал без 100.000 долари бидејќи ја оставил девојката да притисне на копчето од слот машината

gambling-602976_960_720-copy-620x350

Двајцата пријатели, Џон Фалто (66) и Марина Наваро (35), го изгубија пријателството поради добивка на џек-пот во “Хард Рок” казиното во Флорида.

Имено, коцкарот останал без 100.000 долари добиени во оваа игра на среќа, бидејќи ја оставил Марина да притисне на копчето од слот машината.

– Технички таа ја изигра играта, така што парите одат кај неа – рекле од управата на казиното.

Фалто не можел да ги убеди дека тој уплатил за играта, како ни за тоа дека Марина послужила само за да му донесе среќа.

Тие двајца денес не разговараат, а Марина му нема исплатено ни дел од добивката.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.