(ВИДЕО) Ова е човекот кој украде авион во Америка !

Ричард Расел (29), работник во авиокомпанија, кој во петокот вечерта седна во Бомбардерот Q400 на пистата на аеродромот во Сиетл, украде авион, па потоа се сруши на островот Кетрон, веќе неколку дена е ударна вест во американските медиуми.

Откако неовластено влегол во авионот на авиокомопанијата “Хоријазон”, летал 90 минути и на крај трагично завршил.

Расел работел три години на одржување на авионот и пренесување на багажот.

Овој инцидент предизвика паника поради страв од тероризам. Аеродромот веднаш беше затворен, а по Расел веднаш тргнале два воени авиони Ф-15 кои го следеле се додека не загинал.

“За сега веруваме дека бил сам во авионот, но секако, тоа не го потврдивме на местото на несреќата”, изјави Џеј Таб од ФБИ во Сиетл.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.