ВИДЕО: Еве како дошло до страшната сообраќајка што ја потресе Македонија

Графички приказ на ТВ Нова прикажува како дошло до сообраќајната несреќа што се случи утрово на патот Демир Капија – Удово.

udovo-soobrakjaka-640x360Според информациите од Oсновнoто јавно обвинителство Гевгелија, несреќата се случила на магистралниот пат Демир Капија – Удово, кај месноста Света Петка кога се судриле автомобил марка „ауди А4“ со германски регистарски таблици, управуван од четириесет и шестгодишен странски државјанин, автобус на „Струмица експрес“ и автомобил „фиат сеиченто“ со скопски регистарски таблици управувано од четириесет и едногодишен скопјанец.

Во сообраќајката загинаа возачот на „фиатот“ и неговата триесет и двегодишна сопруга, додека нивниот син е повреден и во критична состојба е пренесен на скопските клиники.

После неколку часовна блокада, патниот правец Демир Капија – Валандово повторно е отворен за сообраќај.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.