Брутална тепачка помеѓу црногорските навивачи на историскиот меч Црна Гора-Србија во Подгорица (ВИДЕО)

Неколку минути пред почетокот на историскиот меч помеѓу Србија и Црна Гора во Лигата на нации, дошло до инцидент на јужната трибина на стадионот во Подгорица.

Целиот инцидент се случил во делот каде се сместени најверните навивачи на Црна Гора, а според информациите на српски “Курир” дошло до тепачка помеѓу симпатизерите од Никшиќ и Цетиње.

Како што пишуваат српските медиуми инцидентот помеѓу двете навивачки групи се случил откако едните скандирале “Србија, Србија”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.