Бразилката Песоа на голот на ЖРК Вардар

Репрезентативката на Бразил Мајса Ракел де Оливеира Песоа е новото засилување на ЖРК Вардар на голманската позиција. Таа во редовите на македонскиот првак ќе дојде од ривалот во полуфиналето екипата на Букурешт.

 

pesoa-640x294

Песоа има 31 година и во европските екипи има настапувано за Иси (Франција), Динамо Волгоград (Русија) и Букурешт (Романија). Нејзин најголем успех во кариерата е освоениот златен медал со Бразил на Светското првенство 2013 година во Србија.
 Имам добро чувство за Вардар, можам да кажам дека правам вистински потег. Тимот е одличен, со фантастични играчи, кои се борат да го освојат пехарот во Лигата на шампионите. Ова е нов предизвик за мене, нова авантура, изјави Песоа за интернет страницата на ЖРК Вардар.
Новото засилување на ЖРК Вардар ќе биде дел и од селекцијата на Бразил на Олимписките игри во Рио каде оваа селекција важи за еден од фаворитите за освојување на медал.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.