Апликацијата „МојДДВ“ е повторно во функција, граѓаните може да скенираат сметки

Популарната апликација „МојДДВ“ на Управата за јавни приходи (УЈП) од денеска е повторно целосно функционална за сите граѓани.

Корисниците можат непречено да продолжат со скенирањето на своите фискални сметки за да остварат право на поврат на дел од данокот на додадена вредност.

Апликацијата беше во куток прекин поради технички прилагодувања и неопходна надградба на целиот систем.

По завршувањето на овие процеси, системот е повторно активен и достапен за корисниците на оперативните системи Android и iOS.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.