Одлучувајќи по жалбата на обвинителите, второстепениот суд во Хаг го осуди лидерот на радикалите Воислав Шешељ на 10 години поради прогонството на Хрватите од Војводина.
Бидејќи во казната се пресметува и времето што го поминал во притвор, Шешељ нема да ја отслужи затворската казна.
Шешељ во притворската единица на Хашкиот трибунал помина речиси 12 години, од февруари 2003 година до средината на ноември 2014 година.
Шешељ не присуствуваше на изрекувањето на второстепената одлука, а претходно изјави дека никогаш нема доброволно да се врати во Хашкиот трибунал.