Дали Советот на Општина Прилеп ќе продолжи да работи на штета на граѓаните и немилосрдно да удира по нивните џебови?
По зголемувањето на сметките за вода, наспроти најавата за пониска цена на водата за 20%, сега на удар се тезгаџиите и малите земјиделци.
Тие што се труделе со својата земјоделска мака да заработат барем малку на тезгите во Марино мааало и Точила сега ќе треба да плаќаат 500% повисока закупнина!?
Од предлог одлуката се гледа дека новиот управен одбор за своето функционирање го нашол наједноставното решение за фирмата-да се удри по џебот на граѓаните?
Но, тие треба да проценат дали ова им беше ветувано од Градоначалникот на митинзите пред изборите.
Да се потсетиме од видеото: