Mакедонската армија денеска на плоштадот “Maкедонија” во Скопје организираше Отворен ден со граѓаните насловен „АРМ со вас“.
Пред стотиците насобрани граѓани специјалната единица “Волци” и гардистите изведоа вежби и ја покажаа својата способност и умешност.
Особено за граѓаните беше интересна точката „Егзецир“ на гардата, како и кршењето тули и боречките вештини од страна на Волците.
Граѓаните за време на целата вежба им аплаудираа и уживаа во тоа што го гледаа.