ЧУДО ВО ПРИЛЕП: ”Вчера ги бркаше оти се секуларизирал, денес лицемерно ги гушка до Владиката?! Па има ли крај на овие хаотични постапки?!”

Ширум државата вчера стотици дечиња во сите градови со коледарска литија го навестија Христовото раѓање. И во Прилеп околу 200 мали ангелчиња прошетаа низ градските улици и централното градско подрачје. Но, за разлика од другите градови и општини, прилепскиот градоначалник не ги прими дечињата и одби да ги дарува со колетчиња.

Откако веста која пристигна до нас се рашири по сите медиуми, по барање на порталот Ако, општина Прилеп која ја предводи градоначалникот Илија Јованоски испрати и соопштение, во кое се велеше дека општината ќе се држи до секуларноста и нема да се вклучи во црковните процеси.

Меѓу останатото во соопштението стои и дека: “Традицијата треба да се култивира, а не да се примитивизира”, па според тоа општинските власти за ваквата традиција на празнување на Бадник и Божиќ, гледаат како на примитивизам.

Но, сега секуларниот Јованоски, само три недели пред вчерашните случувања, се пријави идната година да биде домаќин на градската слава Св. Никола.

И кога сите мислеа дека работата ќе стивне и ќе завршат ваквите хаотични постапки на новата локална власт во Прилеп, денеска нов бизарен чекор.

Јованоски беше прв нацртан до Владиката Петар на денешната традиционална манифестација “Божиќен ручек”, која по 12-ти пат се одржа во организација на “Детската амбасада за сите деца во светот”.

За неговиот потег да биде уште поконтрадикторен, на оваа манифестација собрани одново беа над 500 дечињ,а од повеќе градови од државата, меѓу кои голем број и од Прилеп.

Секуларизиран, десекуларизиран, или како и да…. проценете сами!!!

Ќе има ли крај на “градоначалничките чуда” и неговите авантури, будно ќе следиме цели 4 години. А, како што започнал, веројатно ќе има што да се гледа.

За крај секоја чест за “Детската амбасада за сите деца од светот” од Прилеп кои уште една достојно го одбележаа Христовото раѓање.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.