ФОТО: Скопско Ѓорче Петров во пламен – граѓаните бегаат од куќите

На само десеттина метри од куќите на скопско Ѓорче Петров се разгорува огромна огнена стихија, загрозени се куќите. Дел од жителите ги напуштаат домовите.

prva-640x360

Огромната огнена стихија избега од контрола поради силниот ветар и го зафати прсторот помеѓу скопско Кондово и влезот во скопје кај Ѓорче Петров.

vtora-1-640x360

Огнената стихија е на само десетина метри од куќите и луѓето се самоорганизираат да се справат со пожарот.

terta-640x360

Нема никаква помош од канадерите, ниту пак некаква поорганизирана помош. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието обвинуваат дека додека Македонија гори во пожари, министерот за земјоделие Љупчо Николовски е на одмор во Шпанија.

На социјалните мрежи се шпекулира дека има и повредени лица, бидејќи на лице место можат да се забележат и екипи на брзата помош.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.