(ФОТО+ВИДЕО) Како што рекоа од општина Прилеп, така и се случи: Започна да се работи на градскиот стадион во Прилеп

19389464_10211544548120789_501462862_n

Како што најавија изминатата недела од општина Прилеп, така и се случи. Започна да се работи на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп. Денеска на стадионот можеше да се види присутна механизација, која изминатите денови започна да работи на инсталациите за поставување на осветлување на стадионот, при што ќе се постават столбови за рефлектори.

Од први јули, паралелно ќе се работи на теренот и дренажата, по што ќе следи целосна реконструкција на северната трибина, поставување на нови столчиња и нејзиното целосно покривање.

Работата на градскиот стадион во Прилеп стагнираше поради средување на имотно правната состојба, односно легализација на објектите. Стадионот претходно беше комплетна дивоградба за да после изработката на проектот, сега да се продолжи  со градежни активности до целосна негова реконструкција.

19415863_10211544548280793_54305858_n

19389466_10211544549080813_1994697840_n

19369897_10211544548400796_1305649383_n

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.