Училишни смотри на ООУ „Кочо Рацин“ (ФОТО)

6878-ucilishni-smotri-na-oou-koco-racin-960x600-2

Ниту, училишните смотри на ООУ „Кочо Рацин“ не изминаа незабележани од публиката. Пред преполнетата сала, исполнета до последното место, учениците, костимирани во согласност со настапот, играа танци, пееа на повеќе јазици, рецитираа, глумеа и го забавуваа гледалиштето, кое им аплаудираше и беше воодушевено од кративните идеи на сценските настапи, на сите учесници.

6878-ucilishni-smotri-na-oou-koco-racin-960x600-4

6878-ucilishni-smotri-na-oou-koco-racin-960x600-5
Училишните смотри на ООУ „Кочо Рацин“ ги отвори градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кои им се заблагодари и на наставниците, и на родителите, за вниманието, воспитувањето и едукацијата што им ја даваат на своите децата, при тоа посочувајќи ја и пофалувајќи ја ученичката, Марија Велкоска од VI одд., која, е државен првак по англиски јазик и ќе ја претставува Р.Македонија на светското натпреварување по англиски јазик во Италија, како пример за квилететната едукација кој ја нуди ООУ „Кочо Рацин“.

6878-ucilishni-smotri-na-oou-koco-racin-960x600-3
– Ова централно училиште е едно од најстарите училиште, па со Министерството за култура и Завод и Музеј – Прилеп ќе изготвиме проект за обновување на фасадата на училиштето, со цел да ја задржиме неговата афтентичност, бдијеќи е најстар и нај импозантен објект во централното градско подрачје, а во програмата на Министерството за образование и наука, веќе е предвиден и проект за изградба на спортска сала. Стотици илјади евра, се потрошени и за реконстукција на подрачното училиште на ООУ „Кочо Рацин“, сместено во УЗ „Рид“, каде не беше ништо обновено од неговата изградба, пред еден век. Таму, локалната самоуправа направи целосна реконструкција на објектот: промена на дограмата, подовите, уредување на дворната површина, изградба на детско игралиште… што значитело го подобри квалитетот на одвивање на наставната програма – рече при ова прилика градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

6878-ucilishni-smotri-na-oou-koco-racin-960x600-6

6878-ucilishni-smotri-na-oou-koco-racin-960x600-7

6878-ucilishni-smotri-na-oou-koco-racin-960x600-8
Училишните смотри завршуваат идната недела кога со свој настап ќе се престават уште две основни училишта од Прилеп.

6878-ucilishni-smotri-na-oou-koco-racin-960x600-9




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.