Со голем број свечености во Прилеп беше одбележан националниот празник “11-ти Октомври” (ГАЛЕРИЈА)

Во присуство на Претседателот на РМ г-дин Ѓорѓе Иванов, пратениците во собранието на РМ,  АРМ, Генералштаб, Сојуз на борци, ОБСЕ, претставници од амбасади, политички партии, голем број на зрдуженија и секако домаќините градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристески и Советот на општина Прилеп,  денеска положија буќети свежо цвеќе пред спомениците на: Методија Андонов – Ченто, Кузман Јосифоски – Питу и Могилата на непобедените.

„Сплотеност и единство за да остане оваа парче земја и да мислиме за иднината и за нашите поколенија“, посочи Круме Соколоски претседател на Сојуз на борци на град Прилеп.

Градоначалникот Марјан Ристески посочи дека ова е голем датум за Прилеп и за РМ, гордост е да се биде Прилепчанец токму на овој ден зошто животите кои се дадени ни оставаат аманет на сегашните и идни поколенија, генерации, да ја сакаме и почитуваме историјата, традицијата и културата на македонскиот народ.

 

Празникот продолжи во текот на целиот ден со низа спортски активности, изложба на рачни изработки „Килимијада“, „Car Show“ на кое пред публиката беа изложени над 300 возила од цела Македонија како и Фестивалот на медот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.