СДСМ положи цвеќе на МОГИЛАТА каде според нив за 23 дена од НОВ во неа се погребани 630 партизани?!

Во Прилеп денеска се одбележуваат 76 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна.

На денешното свечено положување свежо цвеќе пред спомениците на “Методија Андонов – Ченто”, “Кузман Јосифоски – Питу” и “Могилата на непобедените”, се појавија и кандидатот за градоначалник на СДСМ за Прилеп, Илија Јованоски, кој меѓу останатите беше придружуван и од кандидатот за советник од листата на СДСМ, Ивона Кузмановиќ, која со вчерашната прес-конференција од месноста “Песјиобрдце” и стана позната на македонската јавност преку изјавата дека антифашистичкото востание започнало на 11 Октомври 1944 година.

После овој гаф, никој не остана рамнодушен. На социјалните мрежи вриеше од негативни коментари за покажаното незнаење и навредување на делото на стотици паднати борци во антифашистичката борба.

Наместо да се затскријат зад ваквото непознавање на историјата и деградирање на делото на борците, кои денес беа присутни на свеченоста, Јованоски и Кузмановиќ со гордо кренати глави положија цвеќе пред дејците кои ги деградираа и со склучувањето на капитулантскиот договор со Бугарија, преку кој окупирањето на Македонија и извршените злодела врз македонскиот народ од страна на бугарскиот окупатор во тоа време, се сметаат за заедничка историја и треба да се заборават.

Јованоски инаку според сите анкети и направени анализи, но и според расположението на терен кај гласачите во Прилеп, ќе доживее висок пораз од Ристески.

Граѓаните велат дека ќе го казнат за небулозните изјави и нереални ветувања, кои прилепчани ги сфаќаат како понижување на нивната мудрост.

Истиот Јованоски, на минатите локални избори во 2013 година, како носител на кандидатската листа за советници на СДСМ, загуби со огромна разлика од над 8000 гласа.

Прилепчани ги паметат и случувањата од неодамнешната расправа на Советот на општина Прилеп, каде се расправаше околу разгледување на Стратегијата за интеграција на бегалци и странци и иницијативата за распишување на референдум.

Тогаш Јованоски заедно со неговите колеги советници од СДСМ ја напуштија собраниската сала во општина Прилеп.

А/Г/

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.