“Славица Вељаноска нема што да јаде, а прилепскиот директор ужива во луксузното возилo: Каде е новиот живот?!”

Фото/print screen/infokompas.com.mk

Taжната судбина на Славица Вељаноска допре до сите прилепчани. Жената која живее во трошна куќа пред распаѓање, без струја, храна во влага и нем, моли за секаква помош.

Славица јаде што ќе најде и ќе добие од соседите, живее со само 5.000 денари месечно, веќе 2 години нема струја во својот дом и се бори со голготата.

Со цел да се врати надежта во нејзиниот дом пред два дена фудбалерите на фудбалскиот клуб Победа заедно со навивачкиот клуб “Мајмуни” организираа хуманитарна акција во центарот на градот.

Ваквата помош е добредојдена, но Славица има потреба од секаква покуќнина, поправање на нејзиниот дом, лекови, хигиенски услови и храна, до која за жал тешко доаѓа.

Гревота е во 21 век сеуште да имаме вакви случаеви, особено сега кога се ветуваше дека секој граѓанин ќе добие шанса за подобар живот и подобра иднина.

Секој изминат ден остава трага врз животот на оваа наша сограѓанка, за која ниту институциите досега немаат ништо преземено.

Директорот на Центарот за социјални работи Прилеп само празно вети дека ќе направат нешто за неа, без притоа веднаш да дејствува.

Нема интерес ниту од општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски кој исто така ветуваше живот за сите во Прилеп.

Од друга страна нивниот колега кој исто така доаѓа од редовите на СДСМ, Јане Станкоски, инаку директор на Инспекторатот за земјоделие во Прилеп, си се поднови со ново службено возило Шкода од 32.000 евра.

Па каква е оваа правда и каков е овој “нов живот” кога важи само за тие кои се на функција, уживаат во некоја удобна фотеља и канцеларија, а нивни сограѓани гладуваат.

Дали внесувањето желба за живот во домот на Славица Вељаноска не е поважно од автомобил вреден 32.000 евра?!

Редно време е луѓето од СДСМ навистина да поработат на тој фамозен “нов живот”, затоа што измина речиси една година откако ја презедоа власта на централно ниво и 4 месеци на локално, а новиот живот дојде само за нивните семејства и активисти. Останатите нека се снајдуваат како што знаат и умеат, па макар тоа било како во случајот со Славица.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.