Се ожени фаталниот Бали Бег: Свадбата како од бајките (ФОТО+ВИДЕО)

balibeg-vjencanje-696x456

После три ипол годишна врска, најпосакуваниот ерген во Турција, глумецот Бурак Озчивит и неговата свршеница, германската глумица Фахрије Евчен, синоќа се венчаа.

Како што пренесуваат турските медиуми, парот до последниот момент ги проверувал сите детали околу венчањето, кои долго ги припремале.

Фахрије имале две венчаници, една која ја носела за време на обредот и другата која ја носела за време на свадбеното славје.

Додека Бурак, кого нашата публика го засака уште од улогата на Бали бег во серијата “Сулејман Величенствениот”, носел класично одело.

На венчањето биле присутни околу 500 гости, а церемонијата се одржала во вилата Салит Халим во Истамбул, чиј закуп младенците ги чинел 75 илјади евра. После лудата свадбена ноќ, парот заминува на меден месец на Малдивите.

https://www.instagram.com/p/BV85imwBiQU/

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.