Серена Вилијамс позираше гола за познатото списание “Vanity Fair” (ФОТО)

12

Серена Вилијамс се најде во центарот на медиумите откако позираше гола и трудна за списанието “Vanity Fair”.

На нејзина сметка се изнесоа низа негативни коментари, но тоа на Серена не и сметало.

13

Тенисерката позираше и за црно-бел едиторијал заедно со својот вереник Алексис Оханинано, а во интервјуто открила дека таа и основачот на “Редит” започнале да се забавуваат пред две години откако случајно се запознале во Рим.

14

Парот се вери во декември минатата година и само месец подоцна, за време на  “Австралијан Опен”, дознале дека ќе станат родители, а Вилијамс во втор месец бременост го освои првиот Гред Слем оваа сезона.

serena-williams-vanity-fair-august-2017-1

Иако неодамна влезе во шести месец бременост, признава дека и понатаму не знае што ја чека кога детето ќе дојде на свет. “Не знам навистина што ќе правам со бебето. Сеуште немам ништо, ништо за неговата соба. Да ми речевте минатиот октомври или ноември дека ќе имам дете, ќе помислев дека сте најголемите лажговци на светот. И ден денеска не верувам во тоа. Но, ќе се случи многу скоро”, искрено кажала Серена.

22

А/Г/

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.