СТРАШНО ВИДЕО! Како изгледаше пожарот кај Трескавец кога се доближи на 50 метри од манастирот

BeFunky Collage

Пожарот околу манастирот Трескавец во Прилеп однесе огромна површина со борова шума.

Од вчера беше познато дека причината за истиот е човечки фактор, а денес е приведен и еден од подметнувачите, а уште по 3 се трага.

Изминатите денови над 100 доброволци и екипи од Територијалната противпожарна единица Прилеп водеа жестока битка за спас на манастирот.

Денеска  повторно пожарот е ставен под контрола.

Три лица се задушија како последица на густиот чад и истите се пренесени во општата болница во Прилеп.

Еве како беше синоќа кога доброволците и пожарникарите со крајни напори го спасија манастирот од опожарување.

Снимките се направени во 02:45 часот по полноќ и е на 50 метри од манастирот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.