Режисерот Оливер Стоун ги кажа најискрените 2 минути во историјата на американската телевизија и ги шокира сите (ВИДЕО)

Легендарниот режисер Оливер Стоун на манифестацијата “Писателски награди”, зборуваше за вистината на која треба да се фокусираат што повеќе луѓе во Америка. Неговиот говор кој траеше две минути беше проследен со овации.

Во продолжение ви го пренесуваме целосниот говор:

  • Можете  да бидете критични кон владата и вашето општество, не морате да се вклопувате, сега е во мода да се напаѓаат Републиканците, Трамп и сето тоа… и да се избегнуваат Обама и Клинтонови, но запомнете го ова во 13 војни кои ги започнавме во изминатите 30 години и 14 билиони долари кои ги потрошивме, како и стотици илјади животи кои беа збришани од земјината топка, запомнете дека тоа не беше еден водач, туку систем составен од републиканци и демократи. Наречете го како сакате. Воено – индустриски – сигурносно-финансиско- медиумски комплекс, тоа е систем кој се одржува под изговор дека ова се само “праведни војни” и дека се оправдани во име на нашето знаме, кое гордо се вее над нашите животи. Нашата земја стана многу попросперитетна за многумина, но во име на тоа богатство не можеме да го оправдаме нашиот систем, како центар за светските вредности, се додека предизвикуваме толкави војни и хаос. Благодарам!

Не мора да ги набројувам жртвите, но знаеме дека сме интервенирале во преку 100 држави со инвазии, промени на режими, економски хаос или хибридна војна. На крајот тоа станува систем кој води кон уништување на планетата и сите нас. Се борев против тие луѓе кои водат војни, речиси целиот мој живот.  Со сите критики и навреди кои ќе ги добиете, па и пофалби, важно е да запомнете дека ако верувате во она што го говорите и можете да останете цврсто на својот пат, не можете многу да промените.

 

A.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.