РАДУВАЈ СЕ И СЛАВИ МАКЕДОНИЈОООО! ВАРДАР ВО ФИНАЛЕТО НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ!

Vardar

Maкедонија може да слави, Вардар се пласираше во финалето на Лигата на шампиони и утре ќе игра против Парис Сен Жермен.

Ракометарите на Вардар ја совладаа големата Барселона на фајнал фор турнирот во Келн со резултат 26:25, со голот во последните секунди на Лука Циндриќ и стигнаа до историското финале за македонскиот машки ракомет.

Дебитантот на фајнал фор турнирите ниту еден момент не се исплаши од големината на противникот и одигра цврст натпревар, од првата до последната минута.

Македонија ги доби новите херои, тоа се ракометарите на Вардар, кои ги освоиа срцата на целата нација.

Во екипата на Вардар најпрецизни беа Чупиќ и Душебаев со по 7 погодоци, Борозан постигна 5, а Циндриќ 4 погодоци.

Од спротивната страна капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров, најуспешен со 6 погодоци.

Македонија имаше можност да го проследи капитенот на нацијата, најдобриот меѓу најдобрите, Лазаров, против својот Вардар.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.