Пукање во автоперална: Изрешетани најмалку 5 лица (ВИДЕО)

Американската полиција соопшти дека најмалку пет лица се убиени при вооружен напад во автоперална, во местото Мелкрофт кое се наоѓа во сојузната држава Пенсилванија.

Meлкрофт се наоѓа на околу 89 километри југоисточно од Питсбург.

Според податоците на полицијата, убиени се три мажи и две жени. Најмалку една личност е ранета и префрлена во болница.

Властите се обидуваат да утврдат дали напаѓачот е помеѓу пронајдените на местото на инцидентот.

Во тек е истрага за мотивите за настанот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.