Прилепчани ВЕДНАШ кон ТРЕСКАВЕЦ ! Вековното светилиште е загрозено! Огнот е дојден до портите на манастирот!

DSC01136

Пожарот кој деновиве избувна во близина на манастирот Трескавец одново најопасно се заканува да го загрози вековното светилиште на прилепчани.

Откако во средата во текот на ноќта беше ставен под контрола, од вчера  попладнето пожарот повторно се распламти и започна одново забрзано да се шири.

Граѓани кои дежураат околу манастирот апелираат до прилепчани и бараат помош! Секој еден е потребен за да се спаси манастирот.

Огнот моментално е стасат до репетиторите пред ѕидините на манастирот.

Секој доброволец кој сака да помогне во гаснењето на огнот нека се упати кон Трескавец и со себе нека понеси вода, алат за гаснење и по можност храна.

Апел и до бизнис секторот да покаже општествена одговорност и со сите можни ресурси да помогне да се спаси манастирот.

 

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.