Денес во Собранието на Република Македонија беше врачена државната награда “8 Септември” за животно дело и признанија и за високи остварувања во спортот.
Меѓу добитниците на државната награда “8 Септември” за остварувања во областа на спортот е и прилепчанецот Петар Белистојаноски.
Каратистот Белистојаноски со своето залагање и како натпреварувач и како селектор на Македонската карате репрезентација во борби има придонесено многу за промоција на државата.
Белистојановски рече дека претставува чест и обврска да се биде добитник на државна награда и се заблагодари на Федерацијата, спортистите и сите заслужни за успехот на карате спортот.
Признанија за остварувања во спортот добија и пливачот Александар Коцевски, кајакарот Ѓокица Николовски и ракометарот Ристо Магдинчов, додека наградата за животно дело е доделена на шахистот Иван Кочовски.