Поради густа магла видливоста на Плетвар на многу ниско ниво

Поради појава на магла, видливоста на планинските превои Стража и Плетвар е ограничена на 30 до 40 метри, соопштија ЈП Македонија пат и АМСМ.

Возачите се предупредуваат и на можна е појава на помали одрони во клисурите и усеците, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово–Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Од 15-ти ноември стапи во сила и законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2018 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.